Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 февруари 2026
Победа за футсал екипата на КМФ Кеги моби на стартот од вториот дел на првенството, 10-то коло, на Првата лига, во Велес во салата Гемиџии славеа убедливо со 7:2 (2:1) над екипата на КМФ Балкан од Скопје кој е 7-мо пласиран со 9 бода. Со оваа победа тие најавуваат дека остануваат во трка за првото место каде е екипата на КМФ Проект кој има 6 бода предност и во дербито со второпласираниот КМФ Форца славеше со 6:7. Со овој резултат КМФ Кеги моби е втор на табелата со 24 бода а лидерот има 30. Во следното коло велешани играат во Крива Паланка со КМФ Осогово кој е 8-ми со 9 бода.
Во второто коло од разигрувањето за влез во Супер лигата, кошаркарите на КК Борец баскет победија над КК Охрид со убедливи 91:73 (40:37). Победникот во ниту еден момент не беше под прашање. Со новата победа, втора во оваа конкуренција, КК Борец баскет е во друштво на четири екипи Струмица, Бутел, Соколи со по 13 бода, а следно коло гостува кај КК Вардар во Скопје, кој во продолжението на првенството нема победа.
Овој викенд настапија и одбојкарките на ОК Виола волеј. Во 18 коло гостуваа во Скопје на Чаир, играа против ОК Шкупи, кој е последен со досега само една победа и тоа административна, службена за на овој натпревар да ја забележат втората. Ги поразија велешанки OK Шкупи – ОК Виола волеј со 3:2 (18, -22, -19, 22,10) . Така домаќинот доби два а гостинките еден бод па ОК Виола волеј останува 9-та но со 18 бода. Вториот претставник од Велес во Втората лига ОК Борец беше слободен и останува четврти со 29 бода. Во следното коло дерби за постариот клуб ОК Борец гостува на третопласираниот ОК Форца Волеј Ема а во Велес ОК Виола волеј игра со ОК Ново село кој е петтопласиран.
Вечерва од 19,30ч. во салата Гемиџии, ОК Борец го игра дербито на Првата лига во разигрувањето со ОК Струмица. Играат второ и трето пласираната екипа. Натпреварот се пренесува на 3 канал на МРТВ.
| Tweet |




