Петар Печков
Објавено: недела, 22 март 2026
Победа за крај на разигрувањето во одбојкарската лига за велешки ОК Борец во Струмица над истоимената екипа со 1:3 (22, -26, 17,19) . Со оваа победа велешани го заверија второто место и од плеј оф ќе стартуваат од оваа позиција. Натпреварите кои се играат подобар од три, започнуваат во април а велешани имаат закажани најмалку два натпревари со истиот противник ОК Струмица, со тоа што евентуалната трета средба се гира во Велес. Претходно следниот викенд е завршницата од Купот. Велешани во Купот играат со ОК Работнички од Скопје. Средбите се играат во салата на Јане Сандански – Скопје.
Неочекуван пораз за кошаркарите на КК Борец баскет во Охрид, од истоимената екипа, која е последна во разигрувањето. Загубија тесно со еден поен 77:76 (42:42). Во возбудлив и неизвесен финиш домаќините со еден поен од слободни фрлања го решија прашањето за победникот., преостанати 5 секунди за гостите од Велес, беа премалку да се организира напад и поентира. По ова 6-то коло, велешани заедно со КК Бутел се на делба на 3-ти и 4-то место а водат КК Соколи и КК Струмица со бод повеќе/ Во следното коло во Велес гостува екипата на КК Вардар од Скопје која со победа бара приклучок за екипите меѓу првите 4.
Две победи за одбојкарите за ОК Борец во Втората лига за три дена. Во четвртокот во Велес во салата на ОУ Блаже Конески победа од 3:0 (10, 14, 29) над тетовски ОК Универзитет кој е при дното со една победа а вчера во Скопје славеше над ОК Јанта волеј бут со 1:3 (16, -24, 14, 18), и така им се реваншираше за есенскиот пораз во Велес. Победа и за вториот велешки лигата ОК Виола волеј со максимално 3:0 (16, 6, 6) над ОК Шкупи. ОК Борец е 4-ти со 41 бода а ОК Виола волеј е 10-та од 12 екипи со 21 бод. Во следното коло ОК Борец го пречекува лидерот ОК Фламинго волеј а ОК Виола волеј игра исто така дома со ОК Универзитет од Тетово.
| Tweet |




