Петар Печков
Објавено: недела, 15 март 2026
Bo 8-то коло од разигрувањето екипата на ГОК Борец победи во Тетово против ОК Универзитет со 1:3 (14, -25, 17,16) Сигурна игра и победа за велешани, со што се осигура пласманот на 2-то место и во разигрувањето ќе игра со второпласираната екипа, ОК Струмица или ОК Работнички. Следното коло ГОК Борец гостуваат токму на струмичани.
Нова доминантна победа 112:65 (57:33) на домашен терен за кошаркарите на КК Борец баскет. Во салата Гемиџии со убедливи 47 поени разлика совладана е екипата на КК Водно Санс од Скопје. Уште во првите минути водството беше двоцифрено, на полувреме +20. Со оваа победа се на 3 место, пласман кои што носи во полуфинале. Шест кошаркари беа двоцифрен број на поени, Трпески со 26 и 6 асистенции, Зион Јанг со 17 (5/10 за три). Коцевски 16, Чадамов 12, Штерјов 11, Сапроновски 11. Андов постигна 3 тројки за 9 поени. Следното коло велешани играат со КК Охрид кој е последен во оваа конкуренција, без победа во разигрувањето.
Во Втората лига за одбојкарки, победа за постариот лигаш ОК Борец кој во Тетово го совлада деветтопласираниот тим на ОК Бами кор со 2:3. ОК Виола волеј дома загуби од третопласираната ОК Форца волеј Ема со 0:3 (16,13,16) . Следното коло ОК Борец кој се зацврсти на 4-тото место го пречекува тимот на ОК Универзитет од Тетово кој е 11-ти на табелата а ОК Виола волеј како 10-ти на табелата е слободна.
| Tweet |




