Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 мај 2016
Футсал екипата на Велес со победата од 6:4, против второпласираниот Шкупи од Скопје го обезбеди опстанокот во Првата лига. Ова беше последно коло и велешани на крајот со 37 бода се најдоа на 7-то место. Со ова го избегнаа 8-то и 9-тото место кое носеше бараж за опстанок во оваа конкуренција.
Ракометарите на Борец во саботата на домашен терен победија со 32:27, (12:10) против екипата на Пелистер од Битола. Велешани беа постојано во в одство, освен во првиет минути ан второто полувреме, кгао гостеи имаа период на израмнета игра 12:12 -14:14. По ова Борец направи предност која постојано ја зголемуваше, з ана крајто д апобеди.
Најмногу заслуги за победата има голманот Александар Стојановски со 15 одбрани. Најефикасни во редовите на велешани беа Лазаровски со 8, Анастасовски со 7 и Тодоровски со 6 гола. Кај гостие Дрогришки постигна 7 гола. по оваа победа ГРК Борец и натаму е петти со 23 бода, четири помалку од Пролет со кого игра веќе в среда.
Ако велешани победат во Скопје и со добриот распоред може да се случи до крајот да забележат се победи (уште две други), со што би го избегнале баражот за опстанок во лигата.
Tweet |