Петар Печков
Објавено: четврток, 10 март 2022
Одбојкарите на ГОК Борец загубија со максимални 3:0 во првиот четврфинален натпревар од Купот. Поразени се од екипата на ОК Вардар во Скопје, од која загубија и пред неколку дена во првенствен натпревар. Домаќините беа апсолутно подобри и во ниту еден момент нивната победа не била доведена во прашање. Реваншот се игра следната среда во Велес, во салата Гемиџии.
Со забрзано темпо, недела-среда-недела, започна првенството од Третата фудбалска лига Југ. Во третото коло, на домашен терен ФК Превалец победи со 4:2 (2:0) против екипата на ФК Младост од прилепско Кривогаштани. Во следното коло, в недела, повторно прилепски противник, гостуваат во Обршани, кај истоимената екипа, која одигра два натпревари и забележа два порази.
Tweet |