Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 ноември 2015
Се намалуваат настапите на в велешките екипи, во најквалитетните друштво како се ближи крајот на годината . Викендов настапија две екипи. Фудбалерите на Велес во Првата футсал лига, победија во Скопје, против истоимената екипа со 5:3.
Домаќините се последни без бод а велешани квалитетот успеаја да го реализираат со победа. Така по е есенскиот дел и деветтото коло, футсал екипата на Велес се најде на 8-то место до 10 бодови. Првенството продолжува напролет.
Во Супер лигата, ракометарите на ГРК Борец не успеаја да направат изненадување во прилеп, проти истоимената екипа./ Велешани во 55-тата минута израмнија на 24:24 и имаа напад за водство, но не г о реализираа. Домаќините до крајот беа ефикасни и сите напади постигнаа гол, додека велешани останаа на 24, за конечни 28:24.
Кај домаќините по 7 гола постигнаа Ангеловски и Талевски, додека кај ГРК Борец 9, од кои 5 од седум метри имаше Стојановски и 5 Мачавелов. Следното коло велешани, в сабота ја пречекуваат екипата на Пролет 62 која е сосед на табелата и можност по два месеци велешани да победат.
Tweet |