Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 ноември 2021
Ракометарите на ГРК Борец на домашен терен забележаа победа во Првата лига, над екипата на РК Јехона од Гостивар со 27:22 (13:9). Во изедначен натпревар велешани ја забележаа првата победа на домашен терен, во салата Гемиџии. Против четврто пласирана екипа на табелата, беа во водство, на кое гостите се закануваа. Со ова 8-мо коло, заврши првиот дел од првенството а ГРК Борец е шесто пласиран со 9 бодови. Првенството продолжува веќе следниот викенд а во Велес гостува екипата на РК Партизан од Гевгелија која како и велешани има девет бода.
Во дерби натпревар до Втората футсал лига, во Велес се играше дербито на колото, на двете непоразени кипи ФК Кеги Моби и КМФ Астибо од Штип. Но тоа беше дерби само на хартија, оти велешани славеа со високи 8:1. Гостите ваквиот пораз го оправдуваат со настап без неколку провотимци, кои биел болни. По ова 4-то коло, КМФ Кеги Моби останува на врвот со 12 бода колку што има и екипата на КМФ Конзули а токму овие две екипи играат следното коло во Битола.
Во Втората кошаркарска лига КК Борец баскет на гостувањето во Скопје загуби, тесно од КК Вардар само со еден поен разлика 79:78. ПО ова седмо коло велешани се осми во група од четири екипи со по 9 бодови. Во следното коло во Велес гостува екипата на КК Црн Дрим од Струга која е последна со една победа.
Викендов настапија и пингпонгарите на Борец ТИМ членови ан Првата лига. Иако играа со екипи со послаб резултатски ефект од нив, имаа по една победа а велешани две, забележаа два порази. Од екипата на Дебар маало со 1:4 и од Кочани со 2:4. По ова седмо коло Борец ТИМ е 5-ти во група од четири екипи со по 4 бода.
Tweet |