Петар Печков
Објавено: недела, 01 ноември 2026
Победа за футсал екипата на КМФ Кеги моби во четвртото коло на Првата лига. Во Тетово го совалдаа повратникот во оваа конкуренција КМФ СЕЕУ Тетово со 2:5 (1:0). Првите 20 минути ги добија домаќините а во вторите пресврт, велешани поведоа со 1:4 а потоа и славеа со 2:5. Така по четири кола, КМФ Кеги моби има три победи и 9 бода. Во следното коло, дома играат со КМФ Бутел.
Одбојкарите на ОК Борец во второто коло на Првата А лига загубија во дербито со двојниот освојувач од лани, нз првенството и Купот, ОК УГД Штип со максимални 3:0 ( 14;19;15). Во следното коло играат со ОК Универзитет Тетово дома, во салата на ОУ Блаже Конески.
Во Втората одбојкарска лига во Скопје победа и три бода за женската екипа на ОК Борец која со максимални 0:3 ( 17;19;16) славеше над ОК Јанта бут. По три кола велешанки имаат две победи – во гости, и еден пораз, дома. Во следното коло доам играат со ОК Шкупи, дома.
Кошаркарите на КК Борец баскет загубија од составот на КК ИБА од Скопје. Гостите победија со 91:93 (48:48) во израмнет натпревар а победникот беше решен во последната минута. Поради реновирање на салата Гемиџии, КК Борец баскет натпреварите ги игре во Штип како домаќин. Во следото коло велешани гостуваат на КК Водно Санс во Скопје.
| Tweet |




