Петар Печков
Објавено: четврток, 06 февруари 2020
На стартот од спортската 2020-та година, во првите првенствени натпревари една победа и два порази за велешките екипи. Победи второлигашката футсал екипа на КМФ Кеги моби во 1/8 од Купот, со убедливи 6:1 ја совладаа екипата на КМФ Мал Ајакс од Штип и се пласираа во четврт-финалето.
Поранешниот освојувач на Купот и првак КМФ Велес е елиминиран од второлигашот КМФ Карадаку во Липково со 10:4. Четвртфиналните парови ќе бидат одредени на дополнителна ждрепка.
Во Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец баскет загуби од последно пласираната екипа на КК Риниа во Кичево со 72:71. По ова осмо коло КК Борец баскет е петти со 10 бода од три победи. Во следното сабота во 17ч., во салта Гемиџии ја пречекува екипата на КК Баскет кам од Македонска Каменица.
Tweet |