Петар Печков
Објавено: сабота, 29 октомври 2022
Во петто коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби победи во Кавадарци, против екипата на КМФ Црна река. Резултатот беше 2:6 (1:3). По ова коло велешани имаат 9 бода, од три победи и два порази. Во следното коло гостуваат во Липково, на екипата на КМФ Липково.
Во Втората фудбалска лига, ништо ново, десетти пораз по ред за велeшани. И тоа на домашен терен. Овој пат подобри од ФК Борец беа фудбалерите на ФК Караорман, кој беа 10-ти. Стружани бодовите ги носат по победата (0:2) која ја реализираа во второто полувреме со двата гола. Во следното коло гостуваат во Скопје, на екипата на ФК Локомотива, која е 13 со 10 бода. Велешани и натаму се последни на табелата без освоен бод.
фото Радица Дукова
Tweet |