Петар Печков
Објавено: среда, 03 мај 2017
Две победи забележаа екипите на Борец 1919 и Превалец во 23-тото коло на Трета фудбалска лига Југ, со кои се задржаа во врвот.
Фудбалерите на Борец на жешкиот терен во Росоман победија со 4:1. Домаќините, кои се претпоследни, атакувале на победа по секоја цена, за да ги задржат шансите за опстанок во ова друштво, но сепак квалитетот на велешките фудбалери бил далеку повисок од играта која ја покажале росоманчани.
Превалец пак дома победи со 5:2 против Победа Зорбас од Миравци . Гостите кои исто така се борат за опстанок и се 12-ти беа лесен противник за превалчани. ФК Гемиџии ова кола беа слободни.
По ова 23-то коло Борец е втор а Превалец четврти и во следното коло в недела на Градски е дербито Борец – Превалец. Гемиџии гостува во прилепско Големо Коњари кој е 11-ти со 22 бода и победата им е императив за сигурен опстанок.
19-тото коло на Општинската фудбалска лига беше одложено и на распоред е овој викенд.
Tweet |