Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2026
Победи за екипите од ОФС Велес на стартот од Третата лига Југ. Започна пролетниот дел на првенството.
Лидерот ФК Превалец победи во Прилеп над ФК Млекар, кој е деветто пласиран со 1:3. ФК Борец кој го дели првото место славеше дома над третопласираниот ФК Росоман, ова требаше да биде дерби со 6:1 и со оваа висока победа ја зголеми гол разликата и се приближи на таа од ФК Превалец, Двете кипи имаат по 34 бода, ФК Превалец има +43 а ФК Борец +40. Висока победа и за ФК Тополка кој дома во Превалец победи со 8:1 на ФК Влазними јуниор од крушевско Пресил и екипа која е на 10-тата позиција со 13 бода. ФК Тополка останува 12 но со 11 бода. ФК Башкими ова коло беше слободен и е 11-ти на табелата со 12 бода.
Дури четворица првотимци од лидерот ФК Превалец го напуштија клубот и заминаа во конкурентскиот ФК Тополка.
Во следното 14 коло, ФК Превалец повторно гостува овој пат во Крушево кај ФК Питу Гули со кого есеноска одиграа реми дома 2:2 а сега е на 6-тото место и натпревар со големо искушение за лидерот. ФК Борец гостува кај нископласираниот ФК Влазними јуниор во крушевски Пресил, а ФК Тополка игра повторно дома, овој пат со ФК Млекар до Прилеп. ФК Башкими во прилепско Кривогаштани гостува на ФК Младост која е 8-мо пласирана со 15 бода.
| Tweet |




