Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2015
Успешен старт во пролетниот дел за фудбалерите на Борец и кошаркарите на Борец Баскет. Тие победија а двете победи се на гостувањето.
Фудбалерките славеа во Куманово во натпревар од Првата лига, против последно пласираниот со 2:0. Со ова победа велешанки се качија ан шестото место со 13 бодови од 10 натпревари. Во следното дома играат со екипата на Конзули од Битола, која е трета со 22 бода. Средбата се игра в сабота во 11 ч.
Започнаа и натпреварите од Втора лига, кошарка со последното коло од есенскиот дел,кое беше одложено поради ниските температури во декември. Во Кочани екипата на Борец Баскет победи против Дино Баскет со 87:80. Така по 10 кола велешани се најдоа на петтото место со 16 бодови, колку што имаат имаат Вардар Апаве и Тетекс ТТК. Во следното коло, прво од вториот дел Борец Баскет повторно гостува, овој пат во Струга на екипата на Црн Дрим, која е 9-та со 3 победи и 13 бодови.
Tweet |