речник контакт

Победи за фудбалерките и ракометарите на Борец

Неизвесно дали ќе продолжи Првата футсал лига и Трета фудбалска лига

Петар Печков

По три неделна пауза, продолжија натпреварите од Првата фудбалска лига жени. Велешанки дома славеа со 2:0 против екипата на ЖФК Љуботен од Тетово, која е седмо пласирана со 33 бода.  ЖФК Борец е 11-ти со 23 бода и брка пласман  на 8-мо место, кој ќе значи Прва лига следната сезона, додека ниско пласираните ќе играат во Втората женска лига. Првенството продолжува утре, среда со 24 коло а ЖФК Борец гостува на  ЖФК Скопје 2014-та кој е на четвртото место со 49 бодови.   

Неизвесно дали ќе продолжи Првата футсал лига  каде се натпреваруваат екипите на КМФ Велес и КМФ Кеги моби и Трета лига, каде во Југ играат ФК Локомотива од Градско и ФК Превалец а во Исток, ФК Работник од Лозово.  

Ракометарите на ГРК Борец на гостувањето во Скопје ја победија екипата на РК Риниа со убедливи 22:36 (10:16).  По оваа победа во разигрувањето за опстанок велешани се втори од осум екипи, со 18 бода колку што има и штипски РК Текстилец. Следното 10-то коло, кое се игра на 20-ти мај, велешани дома играат со последно пласираниот РК Кичево, кој има само една победа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »