Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 октомври 2012
Изминатиот викенд на патеката на Ушќе крај Краљево се одржа кајак кану слалом првенство на Србија. На него учествуваа и велешките кајакари кои постигнаа одлични резултати. Кај сениорите во К-1 победи Љубомир Спасиќ член на КК Илинден. Во 3хК-1 екипажот на Илинден 2 беше трет, во состав Спасиќ, Јорданов и Кимовски. Кај јуниорите во К-1 победи велешанецот Александар Златанов пред Вили Јорданов кој беше втор и двајцата членови на КК Илинден
Tweet |