речник контакт

Повардарската епархија со свои изданија на Саемот на книгата

Претставени се четири нови изданија а повторно во продажба и ,,Посен готвач,,

Петар Печков

Во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој  се одржува од 08 до 14 април на Скопскиот саем, Повардарската епархија на МПЦ-ОА ги претстави сите свои изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“.

Сите изложени изданија на саемот се со  намалени цени  во однос на редовните продажни. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија изложени се и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“.

Првиот ден од годинешниот саем на книгата, каде втора година по ред учествува и Македонската православна црква, а со тоа и издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“, се одржа промоција на  нивните трите последни изданија. Промовирани, пред пошироката публика, беа делата „Св. Серафим Саровски“, „Старец Сампсон“ и „Старец Јосих Исихаст“. Промотор на делата беше протоереј Миле Штрбевски.

Вториот ден од саемот е  одржана промоција на книгата „Пејач на покајанието“, на која промотор беше  свештеник Дарко Милев.

Отпечатено е  реиздание на книгата „Посен готвач“. Ова најново издание на издаваштвото на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ излезе од печат непосредно пред започнувањето на годинешниот Саем на книгата, така што сите оние кои сакаат да го купат ова издание можат да го најдат на штандот на Македонската православна црква на Скопскиот саем или да го порачаат директно од Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »