Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2020
Повардарска епархија при МПЦ-ОА денес донираше пакети со прехранбени продукти на членовите на Здружението на лица со церебрална парализа. Во пресрет на Велигденските празници од црквата сакаа да им помогнат на овие семејства.
Повардарската епархија има долгогодишна соработка со ова Здружение, па така и во овие празнични денови, кога се наоѓаме во оваа непријатна ситуација со пандемијата, сакавме да им помогнеме на овие наши браќа и сестри - напишаа во информација од Повардарска Епархија.
Дел од пакетите беа поделени денес а дел ќе бидат поделени утре.
Tweet |