Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јуни 2023
Атлетскиот репрезентативец на долги патеки, Дарио Ивановски победи во машка конкуренција во трката на 10 км., дел од манифестација Рацинови средби, наслоена „Трчаме за Рацин.Тој имаше време од 31:46.
Во женска конкуренција победи Биљана Кираџиева со време од 40:07.
Се трчаше и на 5 км. каде победник беше Грегоријан Никовски со 17:26 и Теа Божиновска со 20:13.
Трката ја завршија 404 учесници во четирите категории. Меѓу нив имаше и атлетичари од Врање Србија и еден учесник од Италија.
И покрај лошите услови, врнеше дожд, патеката беше полна со вирови вода, атлетичарите храбро ги истрчаа километрите каде беа пријавени.
фото Општина Велес
Tweet |