Петар Печков
Објавено: четврток, 10 февруари 2022
Повеќе оздравени отколку ново заразени, изминатите 24 часа во велешко. Министерството за здравство информира дека има оздравен 76 пациент а ново заразени се 45. Бројот на активни случаи во велешко е 314 лица.
Во велешка Болница починат е еден пациент, маж на 74 годишна возраст од Велес, позитивен на ковид-19. Тој е 300-тиот пациент од велешко кој почина од последиците на корона вирусот.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 62 пациенти, четворица помалку од вчера. Hа Инфективно се згрижени 44, на Интерно осум и на Физикално 10. Потврдено позитивни се 43, непотврдени се четворица и негативни се 15 но со потреба од болничка нега.
„Примени се четворица пациенти, испишани со о еден негативен тест се исто така четворица. Еден пациент е трансфериран од Интерно на Физикално а еден од Инфективно во приватна болница во Скопје. На кислородна поддршка се 25 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.
Слободни кревети на Инфективно има 13 а на Физикално 14.
Tweet |