Петар Печков
Објавено: недела, 10 јануари 2016
Патнички воз, удрил во карпа која била падната на пругата, при што од ударот излетал од пругата. Од МЖ информираат дека нема повредено патници, но има материјална штета. Несреќата се случила околу 22 часот на делницата од железничката пруга Велес- Богомила.
Патничкиот воз кој сообраќал од Скопје за Битола, управуван од машиновозачот Ц.Т. удрил во одрон на камења и земја кои биле паднати на пругата. Одронот бил на делницата помеѓу железничките стојалиште Теово и Согле. Од ударот моторната композиција излетала од пругата. Направена е материјална штета, повредени патници нема - информираат од ЈП МЖ инфраструктура.
Возот кој сообраќал кон Битола бил од т.н. ,,шпанци,,. Патниците кои патувале кон Битола, со автобус биле превезени кон Прилеп и Битола. Екипи на МЖ работат на отстранување на одронот и најавуваат дека до 16ч.(денес недела) железничкиот сообраќај ќе биде нормализиран.
На истото место, помеѓу железничките стојалиште Согле и Теово, на 29-ти декември се случи исто така одрон, по што возот удри во него. И тогаш немаше повредени. Во ноември пак, месец дена во прекин беше железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и обратно, оти падна карпа на пругата. Тоа се случи помеѓу станиците Мартолци и Стари град. На 19-ти ноември пак товарен воз излета од шините на железничката станица Демир Капија.
Tweet |