Петар Печков
Објавено: вторник, 01 април 2014
Во средното училиште „Коле Неделковски“ започна обуката на девет кандидати за звањето изработувач на браварски производи. На пријавените кандидати во наредните четири месеци, три месеци теоретска и практична обука во училиштето и еден месец обука во реални услови кај работодавец, ќе им се овозможи брзо стекнување на преквалификација/квалификација од неквалификувана работна сила.
Со примената на овој начин на реализација на обуките, се овозможува постојано надградување на стручната оспособеност како на вработените така и на невработените за следење на новите технологии, односно се остварува вистинска флексибилност на системот на стручното образование, како и потребата од доживотно учење.
„Коле Неделковски“ е единствено училиште од градот кое мината и оваа година повторно е вклучено во Оперативниот план на Владата за активни програми и мерки за вработување. Минатата година сите кандидати кои ја завршија обуката за монтажер за метални конструкции и производи се вработија кај социјалниот партнер на ССОУ „Коле Неделковски“ - металната индустрија „Брако“.
Овие девет лица са четирите месеци обука добиваат по нешто повеќе од 5 илјади денари месечен надомест обезбеден од Владата а на крајот полагаат тест по кој ќе ја добијат и дипломата.
Tweet |