Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 ноември 2020
Повторно систем на „брзи прсти“ во добивањето на термин за вакцинација против сезонски грип. Во приватните здравствени ординации во градот, во петокот попладнето, повторно трка по слободен „мој термин“ за да се вакцинираат пациентите од здравствено ранливите категории. Неофицијалната бројка на добиени вакцини, која е распределена за Велес е помалку од стотина, која ќе биде употребена до крајот на неделава.
Писмено реагирав до министерот Филипче, дека со ова динамика ќе се изгуби целта на вакцинацијата. Бидејќи треба време за да се создаде имунитет а со ова темпо тоа ќе ни се случи во декември - изјави д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на приватните лекари на Велес.
Овие вакцини се бесплатни за лица над 65 години, за хронични болни, бремени жени и деца од 6 месеци до 5 години возраст. Вакцината е француска, четиривалентна, која штити од два типа од грипот „А“ и типот „Б“.
И додека пациентите очекуваат поголем доза бесплатни вакцини, други очекуваат комерцијална која се уште ја нема а за која министерот Филипче кажа дека ќе чини 800 денари. Директорката на Центарот за јавно здравје Анастасија Иванова, затворена за јавноста без детали за бесплатната вакцинација. Во изјава за локален медиум, Иванова даде не малку охрабрувачка изјава, дека овие вакцини ќе ги има најдоцна до првата половина на декември.
Tweet |