Петар Печков
Објавено: недела, 06 февруари 2022
Нови 41 случај на ново заразен жител на велешко со ковид-19, a 35 оздравени, изминатите 24 часа, регистрираше Министерството за здравство. Бројот на активни случаи 335 лица. Починати нема.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 60 пациенти, шест помалку од вчера. Hа Инфективно се згрижени 41, на Интерно четворица и на Физикално 15. Потврдено позитивни се 46, и по двајца се непотврдени и 12 се негативни но со потреба од болничка нега.
„Испишан се шестмина пациенти со по еден негативен тест. Еден пациент е примен со брз антиген тест на Физикално.. На кислородна поддршка се 23 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.
Tweet |