речник контакт

Поделени 12 пакети со храна за социјално ранливи категории, од средствата собрани од продажбата на големата пита

Хуманитарната помош е проектот „Од граѓаните за граѓаните“

Петар Печков

Поделени се пакетите со основни прехранбени производи, за семејствата од социјален ризик. Тие се обезбедени од хуманитарната продажба на големата пита пастрмајлија на годинашната Питијада. Тогаш беа собрани 12 илјади денари и беа поделени 12 пакети.

„Волонтерите на Црвен крст на Општинска организација Велес поделија хуманитарни пакети на семејства и лица кои живеат во социјален ризик во Општина Велес.  Хуманитарната помош е „Од граѓаните за граѓаните“. Финасиските средства за оваа активност се собраа при поделбата на големата пита на манифестацијата „Велешка питијада 2025“. Велешани донираа 12.053,00 денари. Со овие средства се набавија 12 хуманитарни пакети со основни прехрамбени производи кои се поделија каде што е потребно“ -   кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес. 

При подготовката биле  употребени 16кг брашно од кое било добиено 26 кг тесто, 350 јајца, 42 кг  свинско месо.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »