речник контакт

Под сто падна бројот на активни случаи со ковид-19, во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 13 пациенти

Петар Печков

Во велешко  21 ново регистриран заразен со ковид-19, со што  е втор во земјава, по Скопје. Изминатите 24 часа  оздравени се 29  пациенти, соопштија од Министерствотo  за здравство. Бројот на активни случаи  падна под  сто и изнесува 96 лица.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 13 пациенти, двајца  помалку   од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  10, на  Интерно    тројца. Нема    ново примени  а петмина се  испишани со еден негативен тест.

„Потврдено позитивни се шестмина, непотврдени се двајца   и негативни се петмина   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се пет   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »