Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јули 2024
И натаму активни се пожарите во Општина Чашка. Гори кај Мокрени и Габровник, мешана шума и ниска вегетација. Огнот го гаснат 10 припадници на ШС Бабуна, ТППЕ Велес.
Пожар од неделата има и на планината Мукос, префрлен од прилепска страна. Гори ниска вегетација а пожарот во текот на понеделникот го гаснел армиски хеликоптер.
Пожарот кај Подлес општина Градско и кај Долно Јаболчиште и Дреново Општина Чашка се локализирани.
Детали од пожарот на Долги рид, активен викендот.
Tweet |