речник контакт

Пожарникарите со полни раце работа

Изгоре плевна и работилница во Оморани, со трактор и придружна механизација, опожарена е куќа во Бузалково а спасуван е велешанец кој избегал од установа во Демир Хисар

Петар Печков

Велешките пожарникари  имаа полни раце работа изминатите два дена. Интервенирале во три одвоени случаи.

Во средата по полноќ се запалил објект во село Оморани, при што е направена голема материјална штета. СВР Велес информираше дека  настанал пожар во плевна и работилница, сопственост на Р.Ѓ.(63), при што изгорел трактор сo приклучна механизација и разновиден алат, а повредени лица нема. 

Во перидот од полноќ до 3,5 часто огнот го гаснеа петмина пожарникари со две возила како и сопствениците на објектот - информираше Љупчо Лепидовски команмдир на ТППЕ Велес.  

Деенес интервенирале во пожар кој зафатил напуштена куќа во село Бузлаково. По барање на СВР Велес велешктите пожарникари интервенирале и во случај на спасување на избегано лице С.Ј. ( 67 год) од устнова во Демир Хисар. 

Лицето се криело дома неколку дена, по што беше побарано да влеземе дома преку тераса на втори кат, и тоа да биде достапно до полициските сили. Акцијата е успешно изведена и лицето е вратено во Демир Хисар - изјави Лепидовски. 

фото:архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »