речник контакт

Пожарот кај Ногаевци неделата пак пламнал се проширил кон Кочилари

Велешките пожарникари интервенирале во два наврати и го локализирале пожарот

Петар Печков

Пожарот кај Ногевци вчера повторно се разгорел. Ветерот придонел за огнот пак да пламне и да зафати борова шума, овој пат кај село Кочилари.Во понеделничкиот утрински рапрот на Центарот за управување со кризи нагласија дека пожарот е локализиран  Велешките пожарникари со детали за пожарот од неделата. 

„Неделата  6 август во 12:25 примена е дојава за запалена борова шума во село  Кочилари
Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и четворица пожарникари спасители. По пристигнување на лице место почнато е со гасење на пожарот. По неколку часовна битка со пламените јазици пожарот е изгаснат. Претходно  во 7 часот екипа со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители на Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на обиколка на големиот пожар каде што гореше борова шума но поради силниот ветер кој се појави побарана е дополнителна екипа со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители. По целодневното контролирање и одгребување на критичните точки пожарот е целосно изгаснат“ – соопштија од ТППЕ Велес. 

 фото Дирекција за заштита и спасуваање

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »