Петар Печков
Објавено: среда, 26 август 2026
Пожарот во околината на селата Долно и Gорно Чичево е локализоран доцна синоќа. Утрово оваа информација ја објавија од Центарот за управуvање со кризи (ЦУК). Во видео обраќање информaцијата ја сподели директорт на Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов заедно со командирот на Територијалнaта противпожарна единица Велес, Димче Јованов.
„Беа загоroзени посевите, лозјата и овоштарниците во близина на овие две села, како и некои куќи. Едно време се изгуби од контрола, напрaвил линија на оган од 10-тина километри“ – рече Ангелов.
Пожарот го локализираа пожарникари од ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци, биле и три ер трактори и полицискиот хеликоптер. Излегле и мештаните со трактори да создадат пресеци на теренот, за огнот да не се шири. На терен биле четири возила на ДСЗ и петмина доброволци до Неготино, како и вработени од Вардар Градско.
„Веруваме дека пожарот е локализиран и ликвидиран, утрото на терен ќе провериме дали е се во ред. Тереноt беше многу тежок. Но благодарејќи на помошта на колегите од Неготино и Кавадарци, на МВР, пожарот е ликвидиран. Ќе има контроли“ – рече Јованов. Велешките пожарникари учествувале со четири возила и девет спасители.
Пожарот е пријавен во 9,25ч. часот а локализиран во 22,30ч.
Од ЦУК утрово соопштија дека вчера пожар имало и над село Нежилово во месноста Световки каде гореле смреки и пожарот е активен и денес, кај село Крајници -Чашка бил локализиран.
| Tweet |




