Петар Печков
Објавено: петок, 29 мај 2020
Во средата навечер во Богомила избувнал пожар, кој бил локализиран со голема пожртвуваност и ангажираност на мештаните а подоцна и пожарникарите. Со тоа спречено е огнот да се прошири кон соседните куќи и тие да бидат зафатени. Интервенирала велешката територијална противпожарна единица, со шест пожарникари со три возила.
На 27-ми мај околу 20.30 часот било пријавено дека во Богомила настанал пожар во плевна, сопственост на М.В.(62) од село Богомила. Во пожарот изгореле околу 400 кг. сено и дел од кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес и локалното население, а повредени лица нема - информираше Верољуб Додевски, протпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Велес а истрагата треба да открие која е причината што избувнал огнот.
Tweet |