Петар Печков
Објавено: среда, 28 април 2010
Попладнево (среда) околу 16, 30 часот во отворениот склад на велешка Маслодајна избувна оган кој ги зафати пластичните шишиња наменети за полнење со масло и оцет.
Огнот кој бргу се ширеше се закани да ја зафати и машината за пластични шишиња која тука е складирана, како и силосите наменети за складирање на сончоглед.
Брзата интервенција на пожарната го спречи огнот да направи поголема материјална штета а пожарот беше локализиран за дваесетина минути.
Tweet |