речник контакт

Пожар во дворот на спомен куќата на ОЗНА во Горно Врановци

Објектот кој е во сопственост на МВР не е оштетен

Петар Печков

Опожарен е дворот  на спомен куќата на ОЗНА во историското село Горно Врановци. За ова информираше велешката полиција, во денешниот  билтен. Настанот се случил вчера утро, четврток.

„На 13 август  во СВР Велес било пријавено дека околу 07.30 часот настанал пожар во објект на музеј во село Горно Врановци, општина Чашка. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од жителка на селото“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол нa СВР Велес.

Жител на селото објасни дека утрото неговата мајка забележала задимување од оваа спомен куќа, го информирала и побрзала да види што се случува.

„Горела сува трева во дворот од куќата. Таа го угасила огнот, пријавивме во полиција. Нема штета на објектот“ – кажа соговорникот.

Спомен куќата на ОЗНА  е една од петте  спомен куќи и единствена која не е под надлежнсст на Народен музеј Велес, бидејќи е во сопственост на МВР. Поради негрижата таа е во лоша состојба. Од МВР пред неколку години кажаа дена во неа не се чува ништо вредно. Cпомен куќата е затворена за јавноста.  

Во   селото Горно Врановци, во еден период од НОВ од 1944 година, била сместена  тогашната  извршната власт  на раководството. Од тука Радио Скопје започнало да ја емитува сопствената програма а во селската џамија била сместена болницата.  Таму  се спомен куќите на главниот штаб на НОВ, Централниот комитет, Президумот на  АСНОМ и печатницата на "Нова Македонија" и на ОЗНА.

Спомен куќите се отворени на 11 октомври 1984-та година  од тогашниот член на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов, кој е единствениот политичар кој досега го има посетено Горно Врановци и спомен музеите до ден денешен.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »