Петар Печков
Објавено: вторник, 25 август 2026
Пожарот кој пламна околу 11ч. во близина на селата Горно и Долно Чичево уште е активен. Се шири кон селото Подлес и Клепа. Гори сува трева и ниска вегетација на голема површина, и над него немаат контрола екипите кои го локализираат. Таму се пожарникари од ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци, биле и ер тракторите и полицискиот хеликоптер. Излегле и мештаните кои со трактори работат да извршат пресеци на теренот, за огнот да не се шири. На терен се четири возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС.
„Тука ќе има долга и тешка битка, можеби неколкудневна“- предупреди Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
Пожарот во Градско во текот на денот неколкупати ја менуваше динамиката. Опасност има по неколку соседни лозја и овоштарници, кои се наоѓаат во близина на огнот.
| Tweet |










