Петар Печков
Објавено: четврток, 05 септември 2013
Пожар од кој е зафатена шума избувна на пладне во велешко, на планината Мукос веднаш над Степанскиот манастир.
Диме Андонов од Шумското стопанство „Бабуна“од Велес изјави дека според првичните информции нема опасност по манастирот и по селото. Екипи се на терен.
Инаку, по вчерашното привремено локализирање на пожарот над селото Мелница на Мелничка Планина во реонот на Чашка пожарот повторно активен. На терен во негово локализирање се десетина вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и месното население од селата Мелница и Горно Врановци.
Пожарот избувна уште во четвртокот пред седум дена, а во негово гаснење беа вклучени авиони на Дирекцијата за заштита и спасување од кризи. Со пожарот се зафатени од 150 до 200 хектари површина.
Tweet |