речник контакт

Пожар на пругата Ногаевци – Згрополци, изгореле 180 железнички прагови

Со крајни напори ја спасиле железничка станица Згрополци

Петар Печков

Пожар попладнево зафати дел од трасата на пругата  од стојалиште Ногевци до станица Згрополци. Во вечерниот билтен Центарот за управување со кризи кратко информираше дека е изгаснат и горела сува трева кај Ногаевци.

Истовремено  на терен се екипите на Македонски железници, а железничкиот сообраќај на релацијата Велес и Гевгелија со вечерните возови и во прекин. Во локализарањето на пожарот учествувал и противпожарниот воз а вработените железничари со крајни напори ја спасиле железничка станица Згрополци.

ТППЕ Велес интервенирале со 2 противпожарни возила и пет пожарникари спасители.

За големината на пожарот илустрација дека изгореле 180 железнички прагови.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »