речник контакт

Позната е вредноста на цевководот кој ја дистрибуира водата од браната

По ова се очекува дека ќе биде намалена цената на водата која ЈП Лисиче му ја продава на ЈКП Дервен

Петар Печков

Позната е вредноста на цевководот кој ја дистрибуира водата од браната ,,Лисиче,, до фабриката за вода во Велес, со што директно е посочено дека тој е сопственост на градот.  Велешани можат да здивнат бидејќи така е признат фактот дека тие со сопствени средства учествувале во неговата изградба, преку самопридонес. Тоа пак натаму ќе значи и намалување на цената на водата која ЈП Лисиче му ја испорачува на ЈКП Дервен, што во крајна линија ќе се одрази на неговото финансиско  работење.

Направена е пресметка и според неа водоводот од браната ХС Лисиче до фабриката за вода, кој е изграден од средства на самопридонесот, чини 12 милиони евра. Со ова пресметка ЈКП Дервен и градот имаат документ со кој тие ќе можат да учествуваат  во договарањето при формирањето на цената на водата и таа да биде пониска од постојната 2,39 за метар кубен. Овој документ  е од ревизорска куќа која извршила  проценка на цена на чинење на цевководот и истиот ќе послужи за партнерски однос меѓу ЈКП Дервен и ЈП Лисиче за формирање на купопродажната цена. Ова е битен елемент за намалување на цената на испорачаната вода – велат од ЈКП Дервен.

Поранешен член на раководството на ЈКП Дервен,  кој бил директен учесник на изградбата на цевководот, посочува дека додека  тој се градел  на трасата од  Лисиче до Велес, во период од осум години, додека траел самопридонесот, секој месец се прибирале по половина милион германски марки. Јавноста во градот жестоко реагираше кога лани ЈП Лисиче започна да му ја фактурира испорачаната вода на ЈКП Дервен, по цена од 2,39 денари за метар кубен,  при што го користеше цевководот, иако  е факт, дека  тој е изграден со пари на велешани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »