Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 ноември 2023
Советот едногласно, со консензус, ги изгласа добитниците на признанијата за општинската награда 9 ноември. Наградата за животно дело ја добива проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Инститот за македонски јазик „Крсте Миcирков“ за нејзината работа од областа на науката.
Плакетите 9 ноември ќе ги добијат велешка Маслодајна, историчарот Марин Клифов и Никола Тодоровски.
Пофалница ќе добијат Васил Богоeвски, Ели Апостоловска, Ерѓул Усеинов, Ања Саздова, Иле Чингаров.
Благодарници за Игор Мицевски Скакар, Клементина Војдиновска, Јован Јовановски, пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Атилов и Роберто Шакиров кои беа на помош за настраданите од земјотресот во Турција, Александар Игевски, Ѓоре Андовски, Сашко Иванов, Бобан Арсеновски припадници на армискиот тим за заштита и спасување, Трајче Малинов, како и фурна Гемиџии.
За нај студент признанието „Ѓорѓи Шоптрајанов“ ќе го добие како и 2021 година Бојана Кацарова. Наградата ќе им бидат врачени на свечената седница која ќе се одржи на 9 ноември со почеток во 19ч. во велешки театар.
Tweet |