Петар Печков
Објавено: петок, 13 септември 2024
Возило превезувало мигранти, забележано кај Отовица, полицијата во потера по него, возачот побегнал, иако оштетил дел од наплатна рампа. Во потерата по возилото беа повикани и две полициски возила од ПС Велес. Деталите за настанот од средата вечер, од информацијата на МВР.
„На 11 септември околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон село Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти. Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина“ – соопштија од МВР.
Возачот со автомобилот побегнал, полицијата во потрага по сторителот и преземаат мерки за расчистување на случајот
Tweet |