речник контакт

Полициска потера по криумчари на емигранти кои бегале по автопат

Бегалците од Блискиот исток се префрлија на автомобилски превоз за транзит низ Македонија

Петар Печков

Кај наплатна рампа Градско,  во вторникот ноќта, од страна на полицијата  биле забележани две возила, едното марка „голф“ со албански регистарски ознаки, а второто „ауди“ со грчки регистарски ознаки во кои се превезувале повеќе луѓе.

 

Прв се движел голфот кој заминал во правец кон Скопје, а полициските службеници го следеле автомобил  ауди  до Каласлари каде што го запреле и при контролата е утврдено дека истото е сопственост и управувано од лицето Ч.Е. а во возилото се откриени тројца илегални мигранти на возраст од 25 до 34 години (двајца од Сирија и еден од Ирак).

При контролата на возачот, пријавениот Ч.Е. во својот пасош ставил прво 100 евра за да го ослободат, а потоа и уште 100 евра кои ги понудил на полицајците коишто поткупот го одбиле.

Во тој момент полициските службеници забележале дека „голфот“ со албански регистарски таблички излегува од бензинската пумпа кај Каласлари и се упатува во правец кон Скопје. Едниот полициски службеник со службеното возило се упатил по него при што дал знак да застане возилото, со вклучување на рото светло и звучна сирена, но „голфот“ не застанал. Во близина на клучката за Велес и Штип, од возилото се симнале патниците по што „голфот“ продолжил да се движи уште 50-100 метра по што било запрено од страна на полициските службеници. 

По ова  против лицата Б.К. (25) од Поградец и Ч.Е. (29) од Либражд, Албанија, Регионалниот центар за Граничен реон Југ поднела две кривични пријави за  сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и „давање поткуп“. Судија на пријавените лица им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »