речник контакт

Полицијата лани констатирала 15 прекршоци за гласна музика во угостителските објекти во Велес

Бројките вo 2025 покажуваат пораст во однос на 2024 година и на констатирани прекршоци и на извршени контроли

Петар Печков

Полициските службеници од Полициска станица Велес минатата година, посебен акцент ставиле во контролата на работата на угостителските објекти. Бројките покажуваат пораст во однос на 2024 година и на констатирани прекршоци и на извршени контроли. Ова беше соопштено на седницата на Советот, на која се разгледуваше извештајот за работата на ПС Велес лани.  

„Засилени се контролите на угостителските објекти. Постапувано е по сите пријави на граѓаните за гласна музика, при што констатирани се 15 прекршоци, во 2024 таа бројка била пет. Реализирани се 56 контроли во угостителските објекти, при што регистрирани се 16 нарушувања на јавен ред и мир, сите се расветлени и поднесени соодветни пријави. Во 2024 биле регистрирани 11 прекршоци“ – рече Ненад Дејановски, командир на ПС Велес

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »