речник контакт

Полицијата со апел до мотористите, граѓаните со апел до полицијата за бучавата од мотористите

Мотористите задолжително е да носат заштитни шлемови

Петар Печков

Со доаѓање на пролетта  и покачените температури, СВР- Велес изминатиот период регистрираше поголем број на мотоциклисти по патиштата и улиците во Велешкиот и Тиквешкиот регион. Со цел да не се доведува во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, СВР- Велес апелира до мотоциклистите за почитување на сообраќајните прописи.

„Задолжително да користат заштитна опрема кацига, да поседуваат соодветна возачка дозвола, редовно да ја проверуваат техничката исправност на моторите и навреме да ги регистрираат. Покрај ова ги советуваме возачите да не седнуваат на мотоциклите со необновени полиси за осигурување, посебно доколку станува збор за мопеди до 50 „кубици“- пишува во соопштението ан СВР Велес.

Потсетуваат дека паричната казна за некористење на заштитни шлемови изнесува 50 евра, за управување на мотоцикл без возачка дозвола 250 евра, за истечена регистрација од 100 до 500 евра и за необновена осигурителна полиса 100 евра во денарска противвредност.
           
СВР -Велес преку Отсекот за превенција стартуваше со имплементација на превентивно едукативни работилници со помладата категорија на возачи на мотоциклисти во соработка со локалните совети за превенција при Општините Велес и Кавадарци,  а во соработка со РСБСП реализираше и сообраќајно воспитни активности кои ќе продолжат во текот на целото лето.
 
Од друга страна граѓаните апелираат до сообраќајната полиција  да создаде мир од големата бучава која ја создаваат одредени мотористи. Таа е присутна во вечерните и ноќни часови, по улиците 8 Септември, Благој Ѓорев, Димитар Влахов, кон Којник, ул. Славе Петков ул. АСНОМ, Алексо Демниевски Бауман, Борис Трајковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »