Петар Печков
Објавено: среда, 03 јули 2024
Велешката полиција уапсила младо момче од Велес, кое било пријавено дека на малолетник му нанело тешка телесна повреда, скршеница на носка коска, прецизираа од велешка болница. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 1 јули во 01.25 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(18) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од З.П.(21) од Велес дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, физички го нападнал неговиот малолетен брат и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против А.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |