речник контакт

Половичен откуп на тутунот во велешко

Според информацијата од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Велес и велешко досега се откупени околу 850 тони квалитететн тутун од сортите басмак, јака и прилеп. Тоа е помалку од половината од годинашниот род. Откупот завршува на 15 март.

Петар Печков


Најголем дел од откупениот тутун е од тутунопроизводителите од селата  Чашка, Горно Оризари, Бузалково, Иванковци, Мамутчево. Најголеми колилчества, околу 500 тони откупила фирмата „Алијанс Улан‘‘ од Кавадарци, скоро двојно помалку „Центро Табак‘‘ од Велес, а помалку „Соко Мак‘‘ од Битола и  најмалку „Струмица Табак‘‘ од Струмица.

Просечната  добиена цена е 163,40 денари за килограм кај сортата басмак која е и најквалитетна сорта тутун, а нешто помалку за соратата  прилеп  - 143,72 денари и кај соратта јака од 130,08 денари за килограм.

Тутунопроизводителите ќе добијат и субвенции од по 60 денари по килограм предаден тутун.

Во Подрачната единица велат дека до крајот на откупот од Велес и велешко се очекува да се откупат околу 1.800 тони тутун  од лани засадените околу 1.080 хектари под тутун од околу  околу 2.500 тутунопроиводители во велешкиот поширок регион.

Според проценките на Подрачната единица на Министерството за земјоделство  годинава ќе бидат откупени за 400 тони тутун повеќе од лани.

Откупот во некои велешки региони се одвива отежнато, поради незадоволството на земјоделците од цената.Тоа беше причина два дена тутунарите до Бузалково и околинаа , да ги блокираат патишта кон Штип и Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »