речник контакт

Полов напад врз дете и силување во Велес, за викендот

За еден викенд полов напад врз дете и силување, се регистрирани во Велес. Двајцата сторители добија кривични а за едниот и месед цена притвор

Петар Печков

   Гастарбајтер  е осомничен за полов напад врз дете, за што заработи кривична и месец дена притвор. Н.М. ( 39 год) кој се наоѓал на времена работа во Белгија, а неодамна дошол во родниот Велес на одмор, на 13-ти ноември извршил обљуба на 13 годишно девојче од околината на Велес. Девојчето само му се јавило на мобилен телефон на лицето Н.М. откако дознало дека тој се вратил во Македонија.

По остварениот контакт   Н.М.  во два наврти имал односи со малолетната девојка со ветување дека ќе ја носи со него во странство. Откако мајката на девојчето дознала за тоа, таа настанот го пријавиле во полиција, по што против него е поднесена кривична пријава за ,,полов напад врз дете,,  а истражен судија му изрече мерка притвор од 30 дена.

Во друг случај велешката полиција регистрирала силување, за кое е осомничен З.Д. ( 32 год).  Настанот се случил на 9-ти ноември, кога осомничениот  заминал во домот на неговиот брат,каде тој живеел со невенчаната сопруга. Таму ја затекнал 18 годишната девојка, која била ќерка на снаата од нејзин претходен брак. З.Д. со употреба на сила и закана извршил силување.

Преплашената девојка не кажала никому за настанот, но по некое време добила силно крварење и болки, по што очувот и мајката  ја однеле во велешката болница. Таму гинеколозите констатирале  дека девојката има повреди здобиени од  насилен сексуален однос, по што пријавиле во полиција. Таа спровела истрага и  го осомничи З.Д. за сторител, му поднесе кривична пријава за силување но  небеше побарано и не доби  мерка притвор од 30 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »