Петар Печков
Објавено: недела, 05 јули 2015
Пет дена Велес живееше во ритамот на фолклорот и боите на народните носии. Повеќе од петстотини учесници од странство и исто толку од Македонија, донесоа песни, ора, танци,музика од локалното поднебје. Преполното гледалиште во Амифетаарот од Младинскиот парк, пет дена беше претесен да ги прими заинтересираните, кои со етно звуците и културното наследство, исто толку дена ги шетаа низ осум Европски земји, од каде дојдоа учесниците.
Полска, Естонија, Србија, Бугарија, БиХ, Унгарија, Романија,Естонија беа земјите од каде специјално за Фолклорниот фестивал Велес 2015, допатуваа бројни фолклористи. Неправедно би било учесниците да се рангираат, но гостите од Полска ги освоија срцата на велешани, откако на завршната вечер, како изненадување ја исполнија ,,Македонско девојче,,.
Ја научивме додека бевме во Велес, за еден ден. Саквме на овој начин да им се заблагодариме на домаќините и граѓаните за топлиот и средечен пречек - рече Агата Срмањак од групата ,,Ване,,. Ова друштво доаѓа од градот Познаањ и ја негува фолклорната традиција од централниот дел на Полска.
Беа облечени во народни носии од Краков, кои се стари еден век, а друштвото постои 40 години и брои 40-тина члена повеќето студднти од локален Универзитет. Со сличен профил на возраст и членови, студенти и млади, беше друштвото Самботел од Петрово село, Западна Унгарија.
Негуваме буњевачка, славонска музика. Бидејќи во тој крај каде живееме има многу нациоанлности, ние сме мешан етно состав. Знаеме и македонски танц, германски песни. Тоа е остана од наш стар челн, кој е починат но ни остави богато и мешано културно наследство - рече Иван Вујичиќ кој свири прим тамбурица а ансамблот брои 30-тина лица, постојат 62 години.
Фестивалот беше настан кој го запре за час времето и го исполни просторот со бои, звици и насмевки а Велес беше центар на мултиетничките традиционални вредности, каде се преплетуваа танците и песните од Македонија и Европа. Меѓу гостите имаше и модерен танц ансамбл од Естонија.
Танцуваме модерен танц а во еден дел, преработки на фолк танци, на Естонски модерни игри. Многу сме среќни што имавме можност да и прикажеме на македонската публика дел од нашите знаења, бидејќи освен Велес настапуваме и во Кичево - обајснува Тина Вилов раководител на Тина денс студио, кое бори 200 членки, повеќето девојки. Тие за прв пат се на Балканот и се среќни што можат да се претстават на нова публика.
Tweet |