Петар Печков
Објавено: вторник, 28 март 2017
Минатата година на велешките патишта имало помалку сообраќајки, споредено со 2015-тата но имало повеќе загинати. Ова се бројките од информацијата на СВР Велес за нивата работа минатата година.
Така лани биле регистрирани вкупно 336 сообраќајки споредбено со 391 во 2015-та. Во нив, во 2016-та имало осум загинати лица наспроти пет, година претходно. Од овие 8 починати петмина се возачи, двајца сопатници и еден пешак. Во овие сообраќајки имало 39 тешко повредени, најчесто возачи и со возачи и 192 со полесни повреди.
Според полициската обработка најчесто причина за сообраќајките била не` држење на страна на движењето. Повеќето сообраќајки се случиле на отворен пат 176, додека 164 биле во град.
Намален е бројот на исклучени возила од сообраќај по велешките патишта во 2016 споредено со 2015-та. Лани биле исклучени 552, наспроти 568 година дена пред тоа. Најчеста причина за исклучување била неисправност во 510 случаи, потоа техничка неисправност 40 и во два случаи претовар.
И бројката на исклучени возачи лани е помлака отколку во 2015-та 630/655. Во најголем број случаи 525 тоа е поради управување без возачка дозвола а во 99 поради алкохолизирана состојба на возачот.
Tweet |