речник контакт

Помош за граѓаните од ранливите категории

Општин Велес учениците без родители ги снабди со училишен прибор а на жртвите на семејно насилство им додели парична помош

Петар Печков

Oпштина Велес во соработка меѓу општинскиот центар за социјална работа обезбеди еднократна парична помош од 45.000 денари за 15 велешки семејства каде еден или повеќе членови биле изложени на семејно насилство. Вкупниот износ на сумата во форма на чек градоначалникот Горан Петров и ја предаде на директорката на центарот, Нада Трајкова со напомена дека лицата на кои ќе им биде донирана помошта ќе ги одреди Центарот.

Одредени ранливи групи на граѓани во одреден момент имаат потреба од помош, а општината со лимитираниот буџет сепак одвојува одредени суми на средства и им излегува во пресрет- рече градоначалникот Петров. Од велешкиот меѓу општински центар за социјална работа велат дека имаат зголемен број на пријави за семејно насилство.

Ова е прв пат годинава локалната власт да одвои средства за  оваа  ранлива категорија граѓани. Истовремено градоначалникот Петров на социјалните служби им предаде училиштен прибор за децата без родители, кои живеат на територијата на општина Велес. Беа предадени 20 комплети за 7 ученика до 4-то 6 до 8 одделение и 7 беа наменети за средношколци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »