Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 април 2020
Центарот за Јавно здравје од Велес информира дека изминатите 24 часа во градот е регистриран еден нов случај на Ковид-19 на територијата на град Велес, но прецизираат на кој кластер припаѓа. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со корона вирусот во градот изнесува 59 лица.
Во изминатите 24 часа во Македонија потврдени се 18 нови случаи на корона вирус -, Куманово-9, Скопје, Штип и Тетово по два и по еден во Велес, Гостивар и Пехчево. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјата изнесува 1225.
Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19, една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, еден 71 годишен пациент од Прилеп и пациентка од Куманово на 63 годишна возраст.
Tweet |