речник контакт

Понеделник вечер Националниот џез оркестар со концерт во Велес

Концертот е дел од содржините за Денот на општината 9 Ноември

Петар Печков

Понеделник вечер Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Велес. Тој е дел од свеченостите за Денот на општината 9 Ноември. Закажан е за 20ч во  салата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Програмата со која Националниот џез оркестар ќе настапи во Велес е поделена на два дела. Во првиот ќе бидат изведени нумери од нивниот албум „Македонски сновиденија“. Во вториот ќе свират македонски евергрини а одделени песни ќе ги пее Светлана Јовановска. Влезот е бесплатен. 

Ова е трет концерт на Националниот џез оркестар во Велес. Првиот беше на  23 април 2024 година кога го  одржи концертот „Џез лектира“ посветен на творештвото на кралот на свингот Каунт Бејзи. Вториот беше на 23 ноември истата 2024 година, насловен „Crossover Stories” со авторска музика од македонскиот автор Владимир Николов,  професор на Факултетот за музичка уметност во Белград.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »