речник контакт

Поништен е јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес

По извршените усогласувања, јавноста ќе биде дополнително информирана за повторно објавување на конкурсот

Петар Печков

Министерот за внатрешни работи со решение го поништи  Јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес. 

„Јавниот конкурс се поништува поради потребата од дополнително усогласување на временската динамика и процедурите поврзани со доставувањето на барањата и документацијата за исполнетост на условите за вршење на работите на испитен центар. Со ова се обезбедува целосна правна прецизност, еднаков пристап на сите заинтересирани правни лица и непречено спроведување на постапката“ - соопштија од МВР.

Тие дополнително информираа дека по извршените усогласувања, јавноста ќе биде дополнително информирана за повторно објавување на конкурсот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »